Кпс ,,Москито” оваа година ја реализираше експедицијата Алпи 2017. Главна цел на експедицијата беше искачување на највисокиот врв на западна Европа, врвот Мон Блан кој е висок 4810м.
Беше планирано и искачување на врвот Гран Парадисо 4091м, кој воедно беше и аклиматизација пред Мон Блан и за крај на експедицјата качување на Триглав 2864м во Словенија.
Експедицијата беше предводена од Борис Поп Горгиев, Лоранс Марков и Цеков Круме. На Борис ова му беше второ искачување на сите три врва, на Лоранс второ на Мон Блан.
Акцијата започна на 15.08.2017 година, прво беше искачен Гран Парадисо во Италија. Гран Парадисо се смета за највисок врв во Италија и е висок 4091м. Искачувањето започна од местото ,,Понт” и по трекинг патека оди до планинарскиот дом Виторио Емануеле кој се наоѓа на околу 2800м надморска височина.
Утредента појдувањето беше рано утрината во 4 часот. Од планинарскиот дом преку т.н ,,ферата” Борис , Круме и Лоранс врвот го освоија за неполни 7 часа. Враќањето беше по стандардната рута по глечерот.