И како во приказните „Зад седум брда и долини….“, после 7часа стигнавме на врвот. Па така почнува и оваа приказна. Проклетије се простира во Албанија, Косово и во Црна Гора, а рељефот е разновиден и тоа од питоми долини, водопади и зелена шума, до забести сртови, длабоки јами, снег што не се топи и огромни камени сипари,па сето тоа ја прави посетата на Проклетије многу интересна.Нашата цел беше врвот Маја Језерце највисокиот врв на Проклетије. Целата авантура беше викендов што измина 10-12.08.2018год. , а групата беше составена од 6 од Македонија ,5 од Србија и 1 од Велс. Ние кои бевме од Македонија и Велс од Куманово се упативме кон Црна Гора и таму во местото Гусиње се сретнавме со групата од Србијс(Јагодина) .Некаде околу 23часот шаторите беа поставени во местото Вусиње кај реката Грље на 950мнв. Наредниот ден на 11.08 во 4часот откако претходно се спремивме , со трактор бевме пренесени некои 5км до застана (Караула), односно 1.5км пред застана. Одевме до застана(Караула) од каде може да се каже дека ни беше официјалниот старт односно тоа е на 1300мнв, а од застана до врвот има 9.5км. Ова спаѓа во тешка категорија на искачување и не е препорачливо за неискусни планинари.На стазата нема поставено безбедносни јажиња.До врвот Маја Језерце успешно стигнавме за 7часа сите 12 планинари кои тргнавме. Патеката кон Маја Језерце прво продолжува по стрмен тревнат дел, притоа поминувајки 3 помали езерца и потоа излегува на карпест дел со камени полици, тесни премини, длабоки јами и камен сипар. Кога почнаа карпите ги закачивме планинарските стапчиња на ранците, ги ставивме шлемовите на глава и придржувајќи се со раце по карпите ја следевме маркацијата и на повеќе делови од патеката преминувавме преку ситен и крупен сипар. А, од врвот се гледа целиот масив, тука природата дефинитивно не штедела на убавина: широка завиена долина, опколена со високи карпести врвови кои како да се натпреваруваат во висина, потоци на сите страни, зелена шума во подножјето на врвовите, и тогаш знаеш дека вредело да се биде таму.
Симнувањето надолу беше за некаде 6часа, што значи дека после 13часа пешачење се вративме таму кај што не остави тракторот и се упативме кон шаторите. Се договориве втората вечер да бидеме во хотел во Гусиње, бидејки утредента (12.08) 5 члена од целата група во 5часот наутро се упатија кон местото Грбаје (Дом Бракно Котлајич) на 1000мнв , кон искачување на врвовите Талијанка 2056мнв, Попадије 2057мнв и Волушница 1879мнв. Останатиот дел од група останаа во разгледување на Гусиње и Алипашини извори. Целата група се најдовме во 13часот и се упативме кон Плавско езеро на заслужен одмор и разладување. Плавското езеро е ледничко езеро сместено помеѓу планините Проклетије и Виситор на висина од 906 мнв, а се издолжува кон правец север-југ во должина од 2160 метри. Просечната ширина на езерото изнесува 920 метри, а најголемата длабочина 9 метри. Езерото е најголема туристичка атракција во таа област. Од езерото истекува реката Лим. И после краток одмор на Плавското езеро се упативме кон Македонија.
Еден преубав викенд…
П.С. Кога си со вистинска група на луѓе, секое искачување преставува задоволство.