На ден 23 септември 2018 година двајца членови на КПС Москито направија искачување на највисокиот врв на Олимп во грција Митикас, висок 2918м и најатрактивниот и најопасниот врв на Олимп – Стефани 2909м.
Борис Поп Горгиев и Никола Левков со уште 5 учесници на акцијата ги искачија двата врвови. На Борис ова му беше вкупно шесто качување на Олимп т.е Митикас и четврто на Стефани.

Share This