КПС МОСКИТО од Кочани на ден 18, 19  и 20 јуни 2021 година организираше искачување на врвот Козјак кој се наоѓа североисточно од селото Плетвар пред Прилеп на 1747 мнв и искачување на највисокиот врв на Галичица Магаро 2255 мнв.

Акцијата започна на 18ти во 5ч сабјле , а во 7 и 30 бевме во с. Плетвар . Врвот го искачивме за 2 часа и 30 минути со попатни кратки паузи и на врвот останавме околу 30 минути. Потоа се упатвме кон Охрид каде веќе имавме резервирано преноќевање, се сместивме, кратка прошетка и ноќевање . На 19ти имавме слободни активности и на 20ти во 8ч тргнавме кон Магаро.

Во организацијата учествуваа четири членови . Поззз до сите и се гледаме во наредна прилика. Специјален  поздрав  до домаќините на Магаро Жанко зш Галабоски, Мишко Танески и Брато на Жанко Александар не Аце за прекрасниот дочек и убавата дружба. Ви благодариме од се срце.

Со Почит,

КПС МОСКИТО Кочани

Share This