На ден 10.12.2023 година (недела) КПС Москито Кочани учествуваше на еден од најголемите планинарски настани во Македонија „Плачковица 2023“, организиран по повод Денот на Планината од ФПСМ и ДПС Лисец Штип, на кој учествуваа над 700 учесници од Македонија и од странство. Планинарската акција беше изведена во зимски услови, со стартна точка од местото викано „Билборди“, движејќи се по широк земјен пат ги искачивме врвовите Туртел -1607 мнв и Црквиште – 1693 мнв, а попатно ја посетивме и новата црква ,,Св. Спиридон“. Патеката беше околу 14 км, со 500 м елевација, кружна и лесна за движење, со мала пауза за чај кај спасителната станица. По акцијата се упативме кон планинарскиот дом ,,Вртешка,“ на топол чај и бесплатен ручек (топла телешка чорба) и добра забава со добро познатите ,,ARRE BROTHERS BAND“.