Клубот за планинарски спортови Москито – Кочани ден 22.02.2024 имаше годишно собрание. На собранието е прикажана годишната сметка на клубот која истата ке биде доставена и во собранието на град Кочани. Исто така беше донесен и план за идните акции кои се од клубски карактер, а за отворените акции ќе има навремено известување за сите заинтересирани.

 

Активности за 2024та година на КПС Москито – Кочани:

  • Да се домаркира патеката „ГАЛАБО“ со поставување на патокази;
  • Планинарска акција за сите заинтересирани „Родители со деца“ (Врв Панагур на Пониква);
  • Дурмитор, Црна Гора;
  • Пелистер;
  • Ботев врв Бугарија кај Пловдив (највисок на стара планина);
  • Хижа Македонија, Мал и голем мечкин врв преку Ски центар картала;
  • Проклетие Маја Езерце Албанија;
  • Кораб традиционалното;
  • Кајмакчалан од грчка страна;
  • Кањонот Камник;
  • Миџор Србија;
  • Олимп;
  • Лешница со Кривошија;
  • Како експедиција за 24та како предлог се Доломити и Јулијски алпи.

Со почит,

КПС МОСКИТО – Кочани

Share This