Патеката поминува низ двата највисоки врва на планината Осогово воедно и во источна Македонија.Патеката е тешка , има некаде околу 25км со денивелација 1100-1300мнв. Патеката започнува од Рудникот Саса кој се наога северно од Македонска Каменица.Пожелно е да се најавите на вратата на рудникот. Патеката е со должина од 14км.Денивелација има 1100мнв и спага во средно тешка стаза. Почетокот на патеката е низ шумски дел кој  поминува низ селото Тораница .До селото има и асфалтен пат кој води до компресорската станица.Се пресекува 4пати, поминува низ селото Тораница потоа продолжува по билото каде се излегува од шумскиот предел.Продолжува северно по сртот се додека не се излезе на билото кое се протега исток запад и го спојува Руен со Царев врв.По излегувањето на билото има камионски пат , кој источно излегува на врвот Руен 2251мнв, кој е највисок врв на Осоговските планини и во источна Македонија. Од Руен се кренува назад по истата патека(широк пат ) и се движете источно се до местото Сокол (стара урната зграда од камења).Од Сокол има лесно спуштање кое излегува на еден пат кој ги спојува двата рудника на Осоговските планини Саса и Тораница .По тој пат после може да се вратите назад (лично ви го препорачувам) по патот има и чешма и место за одмор.Тој дел не вие на гпс записот. Потоа започнува благо искачување се до Царев врв. Или се вракате назад до патот што ги спојува двата рудника и кренувате јужно се до рудникот од кај е и стартната точка или продолжето по гпс патеката со мн големо внимание. Некаде патека продолжува  во правец Југо Исток ако се уште постои има широк пат, треба да се сврти лево или источно (мн внимавајте да не промашете свртувањето) имате една мн голема стрмнина на која нема патека право надоле .Продолжува се до шумата каде има една мн стара маркација.Патеката продолжува се до реката и е мн тешка и мн ретко маркирана .Треба со мн големо внимание да одите по неа и строго гледајте на гпс уредот или што и да е.

КПС МОСКИТО-Кочани – Круме

 

[sgpx gpx=”/wp-content/uploads/gpx/prepraveno sasa ruen carev vrv.gpx”]