за Нас
Клубот за планинарски спортови ,,Москито КОЧАНИ” е формиран во 2014 година со цел поттикнување на планинарските спортови во Кочани, организирање и водење на планинарски акции на локално и меѓународно ниво, едукација на нови планинари и упатување на истите во планинарските спортови.
Клубот брои околу 30 членови. Член е на федерацијата на планинарски спортови на Република Македонија. Клубот ги опфаќа спортовите: планинарење, алпинизам, спортско качување, сноуборд, скиање и планински велосипедизам.
Клубот има свој извршен и управен одбор.
Претседател на клубот е Круме Цеков. Има организирано многу планинарски акции на локално и меѓународно ниво. Исто така има учествувано на голем број маратони, велосипедско-рекреативни трки и други спортски манифестации.
Вообичаено состанок на клубот се реализира во просториите на старата куќа – Гард, секој вторник од 20 часот. На неделниот состанок се прават планови за следната активност на клубот. Се со цел нови идеи, нови предизвици и знаења, пожелно е да присуствуваат што поголем број на членови.
Членовите на КПС „Москито Кочани“ имаат реализирано и поголем број на искачувања надвор од границите на Македонија и тоа: Мон Блан два пати, Гран Парадисо два пати, Полукс, Кастор и Триглав на Алпите. За планинарското образование на своите членови, КПС „Москито Кочани“ има формирано посебна комисија која организира предавања и теренски вежби, и тоа предавања после секој втор состанок на клубот, и теренски вежби соодветно со теоретските предавања.
Зачленувањата во клубот се прават на редовните состаноци. Членарината за 2023 година изнесува 500 денари. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Просечната старост на членовите на клубот е 31 годинa.
Документи:
1. Статут
2. Пристапница
ВОДИЧИ
КПС „Москито Кочани“ брои над триесет членови. Во планинарското друштво членуваат планинари од најмала па до најстара возраст. Овде ви ги преставуваме поискусните членови кои воедно се и водичи за ова планинарско друштво.
Борис Поп Горгиев
Со планинарење се занимава од најмала возраст. Ги има искачено сите позначајни врвови во Македонија и на Балканот. На Алпите се има искачено на Мон Блан x2, Гран Парадисо x2, Полукс и Кастор.
Круме Цеков
Круме е претседател на КПС ,,Москито“. Со планинарење активно се бави околу 10 години и ги има освоено позначајните врвови на Балканот и во Македонија. Тој се искачи и на Мон Блан и Гран Парадисо на алпите.
Лоранс Марков
Позначајни успеси: Мон Блан х2, Гран Парадисо, Кастор. Има искачено многу врвови на балканот меѓу кој позначајни се: Митикас, Стефани, Мусала, Вихрен, Комови.
москито
КЛУБ ЗА ПЛАНИНАРСКИ СПОРТОВИ
МОСКИТО КОЧАНИ
Со донирање на нашата трансакциска сметка, може да ни помогнете за реализирање на предвидените меѓународни и локални акции. Со тоа станувате спонзор на КПС ,,Москито Кочани”. Ви благодариме.
Сметка за донации:
210-0757571801-06 НЛБ Тутунска банка